Стопанска банка а.д. Битола е учесник на примарниот Пазар на државни записи склучен помеѓу РМ - Министерство за финансии, Народна банка на РМ и Стопанска банка а.д. Битола.

Банката учествува на аукциите на државни хартии од вредност во свое име и за сметка на индиректните учесници кои ги спроведува Народна банка на РМ, во согласност со Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност (Сл. весник на РМ бр.99/05, 35/07, 132/07, 68/09, 131/09).


Постапка за учество на аукција на државни хартии од вредност:

  • Комитентот го пополнува Образецот барањето за купување на државни хартии од вредност, го потпишува барањето и го доставува електронски или по факс до Банката заклучно со денот на одржувањето на аукцијата.
  • На денот на одржувањето на аукцијата комитентот уплаќа посредничка провизија на сметка на Банката: 500-0000000001-24 ;
    цел на дознака: провизија за купување државни хартии од вредност;

  • Банката наплатува посредничка провизија во висина од:
    • 0,1% од дисконтираниот износ односно минимум 200 ден. за државни записи, односно



    ДРЖАВНИ ОБВРЗНИЦИ
    ДО 50.000.000,00 ДЕН. Од номинален износ 0,20 % мин. 1.000,00 ден.
    НАД 50.000.000,00-100.000.000,00 ДЕН. Од номинален износ 0,15 % мин. 5.000,00 ден.
    НАД 100.000.000,00 ДЕН. Од номинален износ 0,10% мин. 10.000,00 ден.

  • На денот на одржувањето на аукцијата на државни хартии од вредност, што ја организира НБРМ се уплаќа дисконтиран износ на средства, на сметката на Банката број: 500-0000000001-24; депонент на НБРМ Скопје, според известувањето за резултатите од одржаната аукција. Банката го информира индиректниот учесник за резултатите од одржаната аукција, пооделно за неговата понуда и за вкупните резултати од аукцијата.
    цел на дознака:
    • купување државни хартии од вредност;
    • купување државни обврзници.

  • На денот на достасувањето на државните хартии од вредност Банката го става на располагање номиналниот износ на државните записи на индиректниот учесник на неговата сметка. Кај државните обврзници со купонски камати на денот на доспевањето на купоните Банката ги става на располагање износите на купонска камата на сметка на индиректниот учесник.

За сите дополнителни информации и појаснувања Ве молиме да се обратите во Службата за управување со ликвидност и ALM.

Tелефон: 047 207-535; 207-532

Факс: 047 207-513