Кредит
за трајни обртни
средства од МБПР-ЕИБ
за инвестиции

Намена: Финансирање при купување на материјални средства (недвижности, опрема, обртни средства -не повеќе од 30% од вредноста на кредитот), инвестиции во нематеријални средства (развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција како и трошоци за плати и останато поврзано со фазата на истражување и развој)

Карактеристики

Износ на кредитот:

Според кредитоспособноста на барателот на кредитот, минимум 10.000 ЕУР максимум 3.500.000 ЕУР

Валута на кредитот:

девизни кредити во евра

Рок на враќање:

до 8 години со можност за вклучен грејс период до 2 години

Начин на враќање:

тромесечни отплати на главнина со камата

Услови

Обезбедување:

Согласно Каталогот за обезбедување и политиката на Банката*

Минимално прифатливо обезбедување:

Хипотека над недвижност и/или залог над подвижни предмети и нотарска меница или солемнизиран договор за кредитна изложеност, со извршни клаузули

Останато:

важи за компании со над 51% приватна сопственост. Бројот на вработени не смее да се намалува за време на отплата на кредитот. Приоритетни клиенти за кредитирање се клиенти кои во тековната во однос на претходната година имаат зголемен обем на работење во висина од најмалку 5% или зголемен извоз од најмалку 5%, кои имаат спроведено вложување во модернизација, заштеда на енергија, заштита на околина, кои го зголемиле бројот на вработени и кои имаат добра пазарна конкурентност (приходи од работење поголеми од расходи од работење, тековна ликвидност поголема од 0,8 и најмалку 30% приходи од извозот)

Забранети дејности за кредитирање:

производство и извоз на оружје, игри на среќа, производство на тутун, активности поврзани со експерименти врз живи животни, активности кои имаат негативно влијание на екологијата, клонирање, активности од областа на трговија со недвижности, проекти со пресметковна вредност поголема од 25 мил.EUR, проекти поднесени од компании со над 250 вработени

Каматни стапки

Каматна стапка:

5,5% годишна, фиксна

Провизија:

до 1,5% од одобрениот износ на кредитот

Провизија за превремено враќање на кредитот:

3% од предвремено вратениот износ

Останати провизии:

2.000 денари манипулативен трошок за одобрено барање

Валута на кредитот:

наплатата на кредитот се вршат согласно Одлуката за политика на каматни стапки на Банката