Ненад Јосифовиќ

Претседател на НО

Ненад Јосифовиќ е роден во Скопје, на 15.03.1973 година. Дипломирал на Правен факултет Скопје во 1997 година, а во 2007 се стекнува со правосуден испит.

Својата кариера ја започнува во 1993 година, во Евробалкан груп АД Скопје, и во текот на изминатите години менува повеќе работни позиции во Орка Спорт ДООЕЛ Скопје, во Мала Богородица ДООЕЛ Скопје, ПАЛ-ТРАНС-МАЛ ДООЕЛ Скопје, Монт-Ком Доел Скопје.

Во 2007 е именуван за член на Одбор на директори во ГТЦ, а. во 2009 станува извршен директор на Евробалкан груп АД. Ненад Јосифовиќ почнувајќи од 2012 е советник во КАРА АД. Како член на Надзорниот одбор во Стопанска банка а.д. Битола е од 2012 година.

Панче Нефтенов

независен член на НО

Панче Нефтенов е роден во Скопје, на 26.09.1962 година. Дипломирал на Правен факултет Скопје во 1989 година, а во 1993 се стекнува со правосуден испит.

Својата кариера ја започнува во 1989 година, прво како приправник во адвокатска канцеларија, приправник во Општински суд Скопје 1, секретар во МЗТ Комерц ДОО, а од 1995 година има сопствена адвокатска канцеларија.

Како независен член на Надзорниот одбор во Стопанска банка а.д. Битола е од 2012 година.

Дејан Панделески

член на НО

Дејан Панделески е роден на 05.09.1978 година. Дипломирал на Американ Колеџ во Солун во 2002 година, а во 2003 се стекнува со диплома магистер на европски студии по бизнис администрација во маркетинг.

Својата кариера ја започнува во 2002 година како директор на промоција и маркетинг во Промет Тутун АД Скопје, потоа работи како менаџер на маркетинг и продажба во Лозар Пелистерка АД Скопје, кадешто од 2010 година до денес е извршен член на Одбор на директори. Исто така, Дејан Панделески е неизвршен член на Одбор на директори на ЖИТО ПОЛОГ АД Тетово и претседател на непрофитна организација – Здружение на граѓани Група за поддршка Скопје.

Член на Надзорниот одбор во Стопанска банка а.д. Битола е од 2012 година.

Александра Радевска

член на НО

Александра Радевска е родена во Скопје, на 25.11.1979 година. Дипломирала на Економски факултет Скопје во 2002 година, а во 2011година се стекнува со диплома магистер по сметководство и ревизија на истиот факултет.

Освен тоа, Александра Радевска има и уверение за овластен ревизор и лиценца за вршење на работи на ревизија за овластен ревизор. Исто така, таа учествувала на многу обуки и семинари организирани од ИОРРМ, Грант и Торнтон ДОО, КПМГ Македонија ДОО, Амчам и други институции.

Својата кариера ја започнува во 2003 година, прво во Друштво за ревизија Б и Љ Ревизија ДОО Скопје, потоа Друштво за ревизија КПМГ Македонија ДОО Скопје, а во Друштво за ревизија Грант и Торнтон ДОО е именувана за супервизор за ревизија. Од 2010 станува Менаџер за деловно советување во Друштво за консалтинг Грант и Торнтон консалтинг ДОО Скопје. Од 2012 е раководител на сектор за ревизија во Орка Холдинг АД Скопје.

Како член на Надзорниот одбор во Стопанска банка а.д. Битола е од 2013 година.

Кирил Митровски

член на НО

Кирил Митровски е роден во Скопје, на 27.05.1954 година. Дипломирал на Економски факултет Скопје во 1977 година. Освен формалното образовение Кирил Митровски се стекна со лиценца за брокер преку Комисија за хартии од вредност, и има завршено обука за работа со население во банка организирана од Инвест банка Белград.

Својата кариера ја започнува во 1978 година, прво како приправник,а потоа како стручен соработник во Завод за вработување на град Скопје. Од 1996 работи во Инвест банка АД Скопје како раководител на Одделение за работа со население, Директор за работа со население, Директор на сектор за брокерски работи, и Извршен член на Одбор на директори во Брокерска куќа Инвест брокер АД Скопје.

Како член на Надзорниот одбор во Стопанска банка а.д. Битола е од 2012 година.

Иванчо Велјановски

член на НО

Иванчо Велјановски е роден во Битола, на 11.06.1960 година. Дипломирал на Биолошки факултет Скопје во 1984 година.

Својата кариера ја започнува во 1987 година во Фабрика за квасец и алкохол АД Битола, прво како сменоводител, потоа како самостоен микробиолог, раководител, на погон, технички извршен директор, а од 2012 е именуван за генерален извршен директор на Фабриката за квасец и алкохол АД Битола.

Како член на Надзорниот одбор во Стопанска банка а.д. Битола е од 2012 година.

Коста Костадиновски

независен член на НО

Коста Костадиновски е роден во Скопје, на 16.04.1983 година. Дипломирал на Универзитетот Шефилд на бизнис студии сметководство и финансии во 2004 година. Освен формалното образовение Коста Костадиновски се здобил со сертификат за положен стручен испит за инвестициско советување.

Својата кариера ја започнува во 2004 година во КАМ ДОО како раководител на логистика, потоа во НЛБ Нов пензиски фонд како референт за инвестиции и координатор за продажба, за во 2008 да биде поставен на позиција втор извршен директор во МП ИНВЕСТ АД Скопје. Почнувајќи од 2009 е во ИЛИРИКА ФОНД МЕНАЏМЕНТ и тоа прво како неизвршен член на Одбор на директори, па како извршен член на Одбор на директори и од 2012 главен извршен директор.

Како член на Надзорниот одбор во Стопанска банка а.д. Битола е од 2013 година.