НЕНАМЕНСКИ
ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТ - ДЕВИЗНА КЛАУЗУЛА

Средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот (не е потребно да се бара доказ за намената на кредитот)

Карактеристики

Намена:

ненаменски – средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот (не е потребно да се бара доказ за намената на кредитот).

Максимален износ:

согласно кредитната способност на Барателот за кредит - до 15.000,00 ЕУР

БЕЗ ЖИРАНТИ - до 5.000,00 ЕУР за вработени во ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката


СО 1 ЖИРАНТ - од 5.000,00 до 10.000,00 ЕУР- за вработени во ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката

СО 1 ЖИРАНТ - до 5.000,00 ЕУР за вработени во останати приватни фирми

СО 2 ЖИРАНТИ - од 10.000,00 ЕУР до 15.000,00 ЕУР - за вработени во ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката

СО 2 ЖИРАНТИ - од 5.000,00 ЕУР до 7.500,00 ЕУР за вработени во останати приватни фирми

РОК НА ВРАЌАЊЕ - до 72 месеци

Трошок за аплицирање за кредит - 200,00 МКД

Провизија за одобрен кредит - 2%

Услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата) за кредитобаратели вработени во  ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката
  • кредитоспособност од 1/3 (рата/плата) за кредитобаратели вработени во останати приватни фирми
  • кредитоспособност од 1/2 (рата/плата) за жирантите
  • старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот

Каматни стапки

  • 7,632% годишна каматна стапка за корисници на кредит без дополнителен производ и со еден дополнителен производ од Банката
  • 7,615% годишна каматна стапка корисници на кредит + 2 дополнителни производи од Банката
  • 7,60% корисници на кредит + 3 дополнителни производи од Банката

Останато

*Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.

** Еден жирант може да се замени со солемнизација на договорот за кредит со вклучени извршни клаузули потпишан од страна на барателот доколку поседува имот на свое име, или со друг гарант платец кој поседува имот на свое име