ПАКЕТ ОД 3 ПРОИЗВОДИ

  • Денарски кредит со фиксна
    каматна стапка за првите 3 години
  • Кредитна картичка
  • Дозволено пречекорување по трансакциска сметка

карактеристики

Пакетот се состои од кредит, кредитна картичка и дозволен лимит по трансакциска сметка. Наведените услови важат единствено доколку се искористат сите наведени производи од пакетот

Намена:

1/ ненаменски, средствата се префлуваат на трансакциска сметка на корисникот

2/ наменски – средствата се користат за затварање на обврски во други банки (40% од износот може да се искористи ненаменски).

Напомена: Кредитот може да се искористи за рефинансирање на обврски по кредити со девизна клаузула во Банката, доколку е изминат минимум 40% од рокот на враќање на кредитот.

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

до 600.000,00 МКД кредит

  • Кредитна картичка - до 2 (две) месечни плати - гратис производ без пресметка на кредитна способност
  • Дозволено пречекорување по трансакциска сметка - до 3 (три) месечни плати - гратис производ без пресметка на кредитна способност

БЕЗ ЖИРАНТИ

РОК НА ВРАЌАЊЕ:

- до 95 месеци

Трошок за аплицирање за кредит - 200,00 МКД

Провизија за одобрен кредит

  • без надомест за наменски кредити за рефинансирање (доколку до 60% од износот се користи наменски)
  • провизија од 1,5% за ненаменски кредити

услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата)
  • старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

Меница и менична изјава, административна забрана на плата од кредитобарателот. Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули. Доколку кредитобарателот е вработен на определено време дополнително е потребен 1 кредитоспособен жирант вработен во ЈП, АД или фирма прифатлива за банката.

каматни стапки

6,00% фиксна годишна каматна стапка во првата година

8,50% фиксна годишна каматна стапка во втората и третата година

8,50%прилагодлива годишна каматна стапка по истек на третата година

11,75% на кредитната картичка

11,75% на дозволеното пречекорување

останато

платата е задолжително да се прима на трансакциска сметка во СТББТ или да се префрли преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит