Пакет од 3 производи за АД ЕЛЕМ РЕК Битола

од 600.000,00 мкд до 900.000,00 мкд

Денарски кредит со фиксна каматна стапка за првите 3 години

Кредитна картичка

Дозволено пречекорување по трансакциска сметка

карактеристики

Пакетот се состои од кредит, кредитна картичка и дозволен лимит по трансакциска сметка. Наведените услови важат единствено доколку се искористат сите наведени производи од пакетот

Намена:

Наменет за вработени во АД ЕЛЕМ - РЕК Битола

1/ ненаменски, средствата се префлуваат на трансакциска сметка на корисникот

2/ наменски – средствата се користат за затварање на обврски во други банки (40% од износот може да се искористи ненаменски).

3/ наменски за рефинансирање на постоечки обврски во Стопанска банка а.д. Битола (40% од износот може да се искористи ненаменски)

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

од 600.000,00 МКД до 900.000,00 МКД кредит

  • Кредитна картичка - до 2 (две) месечни плати - гратис производ без пресметка на кредитна способност
  • Дозволено пречекорување по трансакциска сметка - до 3 (три) месечни плати - гратис производ без пресметка на кредитна способност

БЕЗ ЖИРАНТИ

РОК НА ВРАЌАЊЕ:

- до 95 месеци

Трошок за аплицирање за кредит - 200,00 МКД

Провизија за одобрен кредит

1/ провизија од 1,5% за ненаменски кредити

2/ без надомест за наменски кредити за рефинансирање (доколку до 60% од износот се користи наменски)

3/ доколку кредитот се користи за рефинансирање на обврски во банката, не се наплаќа провизија на износот кој се рефинансира, на остатокот се наплаќа провизија од 1,5%

Трошок за предвремена отплата

  • 1% доколку кредитот се отплати во првите три години
  • 0% доколку кредитот се отплати по третата година

услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата)
  • старосна граница - максимум 62 години на денот на достасување на кредитот. Доколку кредитокорисникот ја надминува старосната граница, има можност за вклучување на вработен кокредитобарател во рамки на старосна граница до 62 години или пензионер кокредитобарател во рамки на старосна граница до 70 годишна возраст

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

Меница и менична изјава, задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули. Доколку кредитобарателот нема имот на свое име, задолжително вклучување на гарант платец кој поседува имот на свое име

каматни стапки

6,00% фиксна годишна каматна стапка во првата година

8,50% фиксна годишна каматна стапка во втората и третата година

8,50%прилагодлива годишна каматна стапка по истек на третата година

11,75% на кредитната картичка

11,75% на дозволеното пречекорување

останато

платата е задолжително да се прима на трансакциска сметка во СТББТ или да се префрли преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит