Девизна сметка за вршење на платниот промет може да отворат правни лица резиденти и нерезиденти во централата и сите експозитури на банката без никакви трошоци.


ДОМАШНО ПРАВНО ЛИЦЕ - РЕЗИДЕНТ


За отворање на девизна сметка на правно лице потребна е следната документација:

  • Решение или тековна состојба од трговскиот регистер (оргинал, или фотокопија заверена на нотар) не постара од 3 месеци. Банката задолжително задржува фотокопија од презентираната документација.
  • Оригинал или копија заверена на нотар од ЗП Образец за заверен потпис на законскиот застапник на правното лице (управител, директор, претседател)
  • Копии од важечки биометриски лични карти на законскиот застапник и потписниците на средствата или копија од биометриски пасош.
  • Договор за отворање на девизна сметка во 2 примероци- го обезбедува банката,
  • Картон за овластени потписници, се потпишува во банката.
  • Барање за отворање на сметка – го обезбедува банката
  • Апликација за идентификација/ажурирање на клиент правно лице со пополнети сите ,задолжителни податоци вклучувајки го и вистинскиот сопственик - во оригинал, со потпис од законскиот застапник.
  • FATCA -Прашалник за клиенти правни лица

 Обрасци во електронска форма за симнување


СТРАНСКО ПРАВНО ЛИЦЕ - НЕРЕЗИДЕНТ

За отворање на девизна сметка на странско правно лице потребна е следната документација:

  • За правното лице и неговиот законски застапник –извод од трговски регистар, или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот, не постар од три месеци од кој може да се утврди датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето и дејноста која ја врши.
  • За лицата овластени за работа со сметките – лична исправа и писмено овластување потпишано од законски застапник.

Нерезидентот – правно лице ги пополнува, потпишува и заверува следните обрасци, обезбедени од Банката:

  • Барање за отворање на девизна сметка,
  • Договор за отворање на девизна сметка- во два примероци,
  • Картон за овластени потписи- во два примероци,
  • Овластување за потписниците ,
  • Апликација за идентификација/ажурирање на клиент правно лице со пополнети сите задолжителни податоци вклучувајки го и вистинскиот сопственик - во оргинал, со изјава за вистински сопственик заверена на нотар,
  • FATCA Прашалник за клиенти правни лица

Обрасци во електронска форма за симнување

За добивање на девизни приливи  од странство, на испраќачот треба да му се обезбедат следните податоци:

  • Назив на фирмата и адреса
  • IBAN број на трансакциската сметка отворена во банката
  • Податоци за Стопанска банка а.д.Битола:
    STOPANSKA BANKA a.d.BITOLA

Dobrivoje Radosavljevik 21 1000, Bitola, R.Macedonia
SWIFT Cod. STBBMK22

  • За пристигнатата наплата од нерезидент, Банката го известува корисникот на приливот истиот, најдоцна наредниот работен ден.
  • Корисникот на наплатата должен да достави до Банката образец 743, пополнет во делот II, како и соодветна докумантација, во рок од 5 (пет) работни дена од приемот на известувањето.
  • По комплетирањето на документацијата Банката истиот најдоцна наредниот работен ден ја одобрува девизната сметка на корисникот на наплатата.

Странско правно лице  – нерезидент, може да прими средства од странство во неограничен износ на средства.

За вршење на  плаќање во странство, потребно е да се достават следниве податоци:

  • Име и презиме на лицето или назив на фирмата корисник на плаќањето и адреса
  • IBAN бројот т.е. бројот на сметката
  • Името на Банката на корисникот на средствата и нејзината адреса
  • SWIFT Cod на Банката
  • Соодветено на основот на плаќањето, документ за потврда на истиот

Правното лице кое врши плаќање на нерезидент со дознака потребно е до Банката да достави уредна  документација.

Банката ќе го изврши  налогот за плаќање 1450 во најкус можен рок.

Кај странските правни лица – нерезиденти, трансфер на средства во странство и подигање ефективни девизни средства се врши без ограничувања

ЛИСТА НА СТРАНСКИ КОРЕСПОДЕНТСКИ БАНКИ

Името на нашата банка: STOPANSKA BANKA a.d. BITOLA

Адреса на Банката: 21 Dobrivoe Radosavljevik Str.      7000 Bitola, Republic of Macedonia

Нашиот SWIFT-кoд: STBBMK22.


Валута

Коресподентска банка

SWIFT/BIC

AUD

Commonwealth Bank of Australia, Sydney

CTBA AU 2S

AUD

Commerzbank AG, Frankfurt am Main

COBA DE FF

AUD

Société Générale, Paris La Défense

SOGE FR PP

CAD

Bank of Montreal, Toronto

BOFM CA T2

CHF

Société Générale, Paris La Défense

SOGE FR PP

DKK

Société Générale, Paris La Défense

SOGE FR PP

EUR

Commerzbank AG, Frankfurt am Main

COBA DE FF

EUR

Deutsche Bank AG, Frankfurt am Main

DEUT DE FF

EUR

Raiffeisen Bank International AG, Vienna

RZBA AT WW

EUR

Société Générale, Paris La Défense

SOGE FR PP

EUR

UniCredit Bank AG, Munich

HYVE DE MM

EUR

UniCredit SpA, Milan

UNCR IT MM

GBP

Commerzbank AG, Frankfurt am Main

COBA DE FF

SEK

Skandinaviska Enskilda Banken AB, Stockholm SE

ESSE SE SS

SEK

Commerzbank AG, Frankfurt am Main

COBA DE FF

USD

Deutsche Bank Trust Company Americas, New York

BKTR US 33