Отворање на трансакциска сметка (потребна документација)

Отворање на трансакциска сметка (потребна документација)

Решение или тековна состојба од трговскиот регистар,регистарот на правни лица, односно во регистарот на надлежен орган на Република Македонија, ако уписот во регистарот е пропишан со закон ( оригинал или копија заверена на нотар ) во хартиена форма или електронски, потпишани со квалификуван сертификат согласно со закон,акт од надлежен орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар,извод од законот, ако учесникот е основан согласно со закон. Банката задолжително задржува фотокопија од презентираната документација.

  • ЗП образец-заверени потписи на лица овластени за застапување, оригинал или копија заверена кај нотар
  • Копија од лични карти на управителите (овластени лица за застапување) и потписници на сметката;
  • Барање за отворање на сметка (го добивате во Банката)
  • Договор за отворање и водење на сметка (го склучувате со Банката)
  • Потписен картон (два примероци потпишувате во Банката)
  • Апликација за регистрирање на клиент

Обрасци во електронска форма за симнување

СТОПАНСКА БАНКА КАКО НОСИТЕЛ НА ПЛАТЕН ПРОМЕТ

СТОПАНСКА БАНКА КАКО НОСИТЕЛ НА ПЛАТЕН ПРОМЕТ

Со воведувањето на новиот платен промет во земјата што го водат учесниците во платниот промет преку носителите на платниот промет, Банката станува носител на платниот промет со дозвола за вршење платен промет.

Учесник во платниот промет е домашно или странско правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќање во денари преку носителите на платниот промет.

Учесникот во платниот промет може да има:

  • повеќе сметки кај еден носител на платен промет, и
  • сметки кај повеќе носители на платен промет.

Стопанска банка а.д. Битола како носител на платен промет во земјата и на дел од платниот систем на Р. Македонија, денарските платни трансакции на своите комитенти ги извршува преку:

  • Интерен платен промет - плаќања помеѓу комитентите на Банката (плаќање во рамките на една иста банка) како најбрз начин за реализација на налозите за плаќање. Истовремено се вршат и сите готовински плаќања (уплати и исплати во готовина).
  • Екстерен платен промет - меѓубанкарски платен промет, каде што учесниците од две банки своите плаќања можат да ги извршуваат преку два система на порамнувања:
    • МИПС - Македонски интербанкарски платен систем, односно систем на порамнување во НБРМ. Се користи за итни и поголеми плаќања над 1.000.000,00 денари.
    • КИБС - Клириншки интербанкарски систем, односно систем на порамнување во Клириншка куќа.
      Порамнување помеѓу банките кое се врши на крајот од пресметковниот ден за налози до 1.000.000,00 денари.

Сметките отворени во Банката се водат во ЕРТС-Единствен регистар на трансакциски сметки во Клириншката куќа

ПРЕДНОСТИ НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ НА СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА

ПРЕДНОСТИ НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ НА СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА

  • Брзо и едноставно отворање на една или повеќе сметки за платен промет во земјата во Банката без надомест;
  • Ефикасно и квалитетно извршување на налозите за плаќање;
  • Поволни тарифи;
  • Сигурност и тајност на податоците на Вашата сметка;
  • Уплата на основачки влог;
  • Доставување изводи за промените на сметките во фахови или електронски (по факс, по е-пошта, по СМС);
  • Можност за работење со е-банкинг, 24 часа, седум дена во неделата и по пониски тарифи;
  • Изработка на сите видови потврди за сметка;
  • Извршување на налози во интерниот платен промет во ист момент на доставување;
  • Можност за одредување на приоритети на налозите;
  • Можност за добивање на статус на ВИП клиент.

ТЕРМИНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАЛОЗИТЕ

ТЕРМИНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАЛОЗИТЕ

ТЕРМИНСКИ ПЛАН

  I. 1.Стопанска банка а.д. Битола за прием на платни инструменти во хартиена форма  за извршување на платниот промет во земјата, го има следниот термински план: 

Плаќање во тековниот ден

Прием на платни инструменти

Клириншки интербанкарски системи-КИБС

Секој работен ден од 08.00 до 14.20 ч.

Македонски интербанкарски платни системи –МИПС

Секој работен ден од 08.00 до 16.15 ч.

Интерен систем на СБ

Секој работен ден од 08.00 до 19.00 ч.

Уплата на готовина

Секој работен ден од 08.00 до 19.00 ч.

Исплата на готовина

Секој работен ден од 08.00 до 19.00 ч.

Напомена* Секој обработен налог после времето дефинирано за КИБС, МИПС или за интерно плаќање ќе биде реализиран со Ва: за наредениот работен ден.

II.1.Стопанска банка а.д. Битола за прием на платни инструменти за електронско банкарство за извршување на платниот промет во земјата го има следниот термински план:

Плаќање во тековниот ден

Прием на платни инструменти

Клириншки интербанкарски системи-КИБС

Секој работен ден од 08.00 до 14.20 ч.

Македонски интербанкарски платни системи –МИПС

Секој работен ден од 08.00 до 16.15 ч.

Интерен систем на СБ

Секој работен ден од 08.00 до 19.00 ч.

Напомена* Секој обработен налог по времето дефинирано за КИБС, МИПС или за интерно плаќање, ќе биде реализиран со Ва: за наредениот работен ден.

2.Терминскиот план наведен во точка 1. важи за секој работен ден освен сабота и недела.Обработените налози во платниот промет во земјата, во сабота ќе се евидентираат во изводот наредниот прв работен ден.

Контакт-телефони: 047 207-536; 207-537   Факс: 047 228-909

ТАРИФНИК ЗА НАДОМЕСТОЦИ НА УСЛУГИТЕ ШТО ГИ ВРШИ СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА

Тарифна ставка Вид на услуга Основа за пресметка Висина на надоместокот
II  ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА    
1.
ГОТОВИНСКИ ПЛАТЕН ПРОМЕТ
   
1.1. Уплата во готово  Износ Без надомест до 12.00 часот по 12.00 часот - 20 ден.
1.2. Уплати во готово од правни лица кои немаат ТРС  во Банката Износ 0,5%, минимум 100 ден.
1.3. Уплата во готово кон сметките на Стопанска банка а.д. Битола Налог Без надомест
1.4. Уплата во готово  МКД кованици во износ над 1.000 денари Износ 1%
1.5. Исплата во готово Износ 0,35%, минимум 50 ден.
1.6. Исплата во готово од наменски сметки на овластени менувачници Износ Без надомест
2.
БЕЗГОТОВИНСКИ ПЛАТЕН ПРОМЕТ 
2.1. Безготовински плаќања во корист на други трансакциски сметки    
  во Банката Налог 20 ден. за налози до 10.000 денари, 30 ден. за налози над 10.000 денари
  кон комитенти кои немаат трансакциски сметки во Банката преку КИБС Налог 35 ден. за налози до 10.000 денари, 45 ден. за налози над 10.000 денари
  кон комитенти кои немаат трансакциски сметки во Банката преку МИПС Налог до 12 часот
Налог по 12 часот
230 ден.
250 ден.
2.2. Безготовински плаќања во корист на други трансакциски сметки со користење на сервисот е-банкинг     
  во Банката Налог 7 ден.  за налози до 10.000, 11 ден. за налози над 10.000 денари
  за комитенти кои немаат трансакциски сметки во Банката преку КИБС Налог 13 ден. за налози до 10.000 денари, 18 ден. за налози над 10.000 денари
  за комитенти кои немаат трансакциски сметки во Банката преку МИПС Налог 100 ден.
2.3. Обработка на налог ПП53 за плата    
  во банката -преку КИБС -преку МИПС налог налог налог 5 ден., 15 ден, 80 ден.
2.4. Обработка на налог ПП53 за плата  со користење на сервисот е-банкинг    
  во банката -преку КИБС -преку МИПС налог налог налог 4 ден., 12 ден, 60 ден.
2.5. Водење на ТРС     Без надоместок за наменски сметки на овластени менувачници
  Со промет 1-300.000,00 ден. Сметка 150 ден. месечно декурзивно
  Со промет 300.001,00-500.000,00 ден. Сметка 300 ден. месечно декурзивно
  Со промет 500.001,00-1.000.000,00 ден. Сметка 400 ден. месечно декурзивно
  Со промет 1.000.001,00-3.000.000,00 ден. Сметка 600 ден. месечно декурзивно
  Со промет над 3.000.000,00 ден. Сметка 1000 ден. месечно декурзивно
2.6. Водење на сметка за куќен совет Сметка 100 ден. месечно декурзивно
2.7. Индиректни учесници во МИПС   1.000,00 ден. месечно декурзивно
2.8 Сервисирање на наменска сметка за прилив по договори (ескроу сметка) Договор 6.000,00 ден. месечно антиципативно
2.8.1.

Провизија за СМС известување

*Пакет А вклучува *извршена трансакција со картичка , износ и местото каде е извршена трансакцијата *истекување на рокот на картичката и каде истата може да се подигне *доспеана камата на депозит *доспеан неплатен 


Пакет А 50,00 ден. месечно
2.9

Сервисирање на безбедна размена на податоци преку фајлови со Министерство за труд и социјална политика

Фајл
Ден.4.600,00 -задолжувањето ќе биде на крајот од секој месец
3.
ОТВОРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА
СМЕТКА
3.1. Отворање на ТРС Сметка Без надоместок
3.2. Отворање на ТРС со итна пратка Сметка 100 ден.
4.
ЗАТВОРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА
Сметка 1.000 ден.
5.
ЗАТВОРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА ПО СИЛА НА ЗАКОН
  Без надоместок
6.
ДРУГИ РАБОТИ НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ 
6.1. Испраќање извод по телефакс Страница 100 ден.
6.2. Користење исплати по документарни акредитиви Долговен промет 0.20%
6.3. Извршување на судски одлуки, задолжница и извршни решенија Судска одлука, задолжница, решение  или налог

1.200 ден. + 50 ден. од главница

500 ден. РДТ за физички лица

6.3.1. Извршување на налог од извршител Налог 1.200 ден. + 50 ден. од главница
6.3.2. Поднесено барање за извршување на задолжница   500 ден.
6.3.3.
Делумно извршување на решенија
Судска одлука, задолжница, решение  или налог
Ден. 50 за секоја делумна наплата
6.4. Извршување на акцептен налог   1000 ден.
6.5. Издавање  преглед за состојбата на сметката  по денови-картица Преглед 300 ден.
6.6. Потврда  за солвентност Потврда 300 ден.
6.7. Печатење на извод Извод 10 ден.
6.8. Препис на извод од тековна година Извод 20 ден.
6.9. Препис на извод од мината година по завршна сметка Извод 150 ден.
6.10. Препис на извод од затворена сметка Извод 500 ден.
6.11. Препис на налог од тековна година Налог 150 ден.
6.12. Препис на налог од минати година по завршна сметка Налог 500 ден.
6.13. Пријава за блокада Налог 250 ден.
6.14. Пријава за деблокада Налог 250 ден.
6.15. Замена на оштетени банкноти (паричници) Вредност на банкнотата 10%, минимум. 10 ден. по банкнота
6.16. Надомест за изгубен клуч од фах Клуч 200 ден.
6.17. Траен налог за пренос на сопствена сметка во др. домашна банка Налог 20 ден.
6.18. Издавање преглед за состојбата на сметката по денови-картица за месечен, тримесечен и годишен ДДВ обврзник по клиент-денарска и девизна сметка Картица по клиент за сметки 150 ден., освен од сметки без промет, и наменски сметки за овластени менувачници без надоместок
6.19. Извештаи по барање на клиент Извештај 200 ден. по страница
6.20.
Повлекување на налог од КИБС по барање на клиент
Износ по налог
Ден.100
7.
ЕЛЕКТРОНСКИ ДИГИТАЛНИ  СЕРТИФИКАТИ 
7.1. Депоненти на Банката    
  Сертификати на КИБС:    
  Верба К2 на 2 години Сертификат PKI токен 3.190 ден.
  Верба Про 2 на 2 години Сертификат PKI токен 3.390 ден.
  Верба К2 на 3 години Сертификат PKI токен 3.920 ден.
  Верба Про 2 на 3 години Сертификат PKI токен 5.710 ден.
7.2. Локална регистрациона канцеларија   на КИБС за сите останати баратели на сертификат
  Сертификати на КИБС:    
  Верба К2 на 2 години Сертификат PKI токен 3.390 ден.
  Верба Про 2 на 2 години Сертификат PKI токен 4.360 ден.
  Верба К2 на 3 години Сертификат PKI токен 3.920 ден.
  Верба Про 2 на 3 години Сертификат PKI токен 5.710 ден.
  Обновен сертификат на КИБС:    
  Верба К2 на 2 години Сертификат PKI токен 1.850 ден.
  Верба Про 2 на 2 години Сертификат PKI токен 3.120 ден.
  Верба К2 на 3 години Сертификат PKI токен 2.580 ден.
  Верба Про 2 на 3 години Сертификат PKI токен 4.370 ден.
7.3. Деблокада на сертификат Сертификат PKI токен 300 ден.  

Последна промена: 13.10.2016 г.