Критериуми:

    • долгорочни влогови кои се орочуваат на 24, 36 и 48 месеци;
    • променлива основна каматна стапка со стимулативен додаток;
    • исплатата на каматата е по завршувањето на периодот на орочување, или во моментот на предвремено разрочување.

    За влогови со период на орочување до 24 месеци:

    • Доколку влогот се разрочи пред 13-от месец од датумот на орочувањето, клиентот добива скалеста каматна стапка;
    • Доколку влогот е разрочен по 13 месеци клиентот добива основна камата;
    • Доколку влогот го разрочува по доспевање, односно по истекот на 24 месеци добива основна камата, плус стимулативен додаток на каматна стапка.

    За влогови со период на орочување до 36 месеци:

    • Доколку влогот се разрочи пред 25-от месец од датумот на орочувањето, клиентот добива скалеста каматна стапка;
    • Доколку влогот е разрочен по 25 месеци клиентот добива основна камата;
    • Доколку влогот го разрочува по доспевање, односно по истекот на 36 месеци добива основна камата, плус стимулативен додаток на каматна стапка.

    За влогови со период на орочување до 48 месеци:

    • Доколку влогот се разрочи пред 37-от месец од датумот на орочувањето, клиентот добива скалеста каматна стапка;
    • Доколку влогот е разрочен по 37 месеци клиентот добива основна камата;
    • Доколку влогот го разрочува по доспевање, односно по истекот на 48 месеци добива основна камата, плус стимулативен додаток на каматна стапка.

IV. Долгорочен депозит со фиксен стимулативен додаток

За приматели на плата или пензија во Банката и корисници на кредитна картичка

Период

24 месеци

36 месеци

48 месеци

Каматна стапка

Стимулативен додаток

Каматна стапка

Стимулативен додаток

Каматна стапка

Стимулативен додаток

Евра 1,30% 0,40% 1,60% 0,40% 1,80% 0,40%

Постоечките орочувања направени заклучно со 31.07.2013 година на овој тип на депозит остануваат да се водат под условите како за приматели на плата или пензија во Банката или како за корисници на кредитна картичка.

За останати клиенти кои не примаат плата или пензија во Банката

Период

24 месеци

36 месеци

48 месеци

Каматна стапка

Стимулативен додаток

Каматна стапка

Стимулативен додаток

Каматна стапка

Стимулативен додаток

Евра 1,20% 0,40% 1,50% 0,40% 1,70% 0,40%

За сите износи кои се орочуваат во противвредност над 100.000,00 еур следува исплата на дополнителен стимулативен додаток од 0,2%.

За сите износи кои се орочуваат во противвредност над 200.000,00 еур следува исплата на дополнителен стимулативен додаток од 0,4%.

За износи кои се орочуваат од еден клиент или група поврзани субјекти на вкупен износ над 10.000.000,00 денари, се додава долен праг на каматна стапка:
  • За орочувања во евра каматната стапка да не падне под 1,00%