СТОПАНСКА БАНКА КАКО НОСИТЕЛ НА ПЛАТЕН ПРОМЕТ

Со воведувањето на новиот платен промет во земјата што го водат учесниците во платниот промет преку носителите на платниот промет, Банката станува носител на платниот промет со дозвола за вршење платен промет.

Учесник во платниот промет е домашно или странско правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќање во денари преку носителите на платниот промет.

Учесникот во платниот промет може да има:

  • повеќе сметки кај еден носител на платен промет, и
  • сметки кај повеќе носители на платен промет.

Стопанска банка а.д. Битола како носител на платен промет во земјата и на дел од платниот систем на Р. Македонија, денарските платни трансакции на своите комитенти ги извршува преку:

  • Интерен платен промет - плаќања помеѓу комитентите на Банката (плаќање во рамките на една иста банка) како најбрз начин за реализација на налозите за плаќање. Истовремено се вршат и сите готовински плаќања (уплати и исплати во готовина).
  • Екстерен платен промет - меѓубанкарски платен промет, каде што учесниците од две банки своите плаќања можат да ги извршуваат преку два система на порамнувања:
    • МИПС - Македонски интербанкарски платен систем, односно систем на порамнување во НБРМ. Се користи за итни и поголеми плаќања над 1.000.000,00 денари.
    • КИБС - Клириншки интербанкарски систем, односно систем на порамнување во Клириншка куќа.
      Порамнување помеѓу банките кое се врши на крајот од пресметковниот ден за налози до 1.000.000,00 денари.

Сметките отворени во Банката се водат во ЕРТС-Единствен регистар на трансакциски сметки во Клириншката куќа