Владимир Ефтимоски

Претседател на Управниот одбор

Господин Владимир Ефтимоски е на позицијата Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола од Јануари 2013 година. По неговото дипломирање на Електротехнички факултет во Скопје во декември 1998  година се стекнува со диплома инженер по компјутерски науки. Во февруари 1999 година започнал да работи во ТЦ Зираат Банка во Скопје како систем инженер и од 08.1999 година до 09. 2001 година работел како самостоен систем инженер во Инвест банка АД Скопје во Скопје. За периодот од 8 години додека работел во Инвест банка АД Скопје тој работи на следните позиции: во периодот од 2001 до 2005 година како Директор на Сектор за платен промет во земјата, во периодот од 2005 до 2008 година како Директор на Сектор за платни системи, и од 2008 до 04.2009 година како Директор на Деловен центар за платни системи, и ИТ.

Во 2008 година се стекнува со диплома магистер по монетарна економија на Економски факултет во Скопје.

Во периодот од 04.2009 година до 04.2012 годин,а господин Владимир Ефтимоски работи во Шпаркасе банка Македонија АД  Скопје како член на УО. Почнувајќи од 04.2012-01.2013 година работи во Стопанска банка а.д. Битола  како советник на УО, а од јануари 2013 година како Претседател на УО, на која позиција е и во моментот. Од 04. 2015 година тој е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Освен тоа членува и во Одборот на директори и во академскиот совет на Академијата за банкарство и информатичка технологија  - АБИТ.

Во 2015 година м-р Владимир Ефтимоски беше избран за најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор за 2015 година во Република Македонија од страна на тимот на меѓународното списание Global Banking Finance.

Воедно во 2016 година, од страна на меѓународниот магазин „Business worldwide“ беше избран за најдобар главен извршен директор во банкарскиот сектор за 2016 година во Република Македонија како и за најиновативен главен извршен директор во банкарскиот сектор за 2016 година во Република Македонија.

тел.: (02) 30 87 252, факс: (02) 30 87 264

VLADIMIR.E@stbbt.com.mk


Гордана Балтовска

член на Управниот одбор

Гордана Балтовска е родена во Битола, на 26.07.1972 година. Дипломирала на Економски факултет Прилеп во 1997 година, а во 2015 се стекнува со диплома магистер по стратегиски менаџмент на Бизнис академија Смиленски- БАС Битола. Освен формалното образовение Гордана Балтовска има учествувано на многу обуки и семинари организирани од Македонска берза, Министерство за финансии, Министрество за економија, НБРМ, УСАИД и други институции, како и на меѓународни конференции и семинари.

Исто така, таа членувала во Здружение на банки при Стопанска комора на Република Македонија/ Комисија за управување со ризици и во Здружение на банки при Стопанска комора на Република Македонија/ БАЗЕЛ референтна група на професионалци од областа на управувањето со ризиците.

Својата кариера во Стопанска банка а.д. Битола ја започнува во 2001 година, прво како референт, за подоцна да биде именувана за Шеф на Служба за управување со ризици, унапредена на позиција Директор на Сектор за деловна политика, а во 2013 година Директор на Сектор за управување со ризик.

Почнувајќи од месец септември 2013 година Гордана Балтовска е Член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола и во нејзина одговорност се следните сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за поддршка и финансии, Сектор за усогласеност со прописи и АМЛ и ОСИС лице.

тел.: (047) 207 544; 207 566, факс: (047) 207 513

GORDANA.B@stbbt.com.mk


Наташа Несторовска

член на Управниот одбор

Наташа Несторовска е родена во Битола, на 19.09.1970 година. Дипломирала на Економски факултет Прилеп во 1993 година, а во 2003 се стекнува со диплома магистер по кадровски менаџмент на Институт за социолошки и политичко правни истражувања Скопје.

Освен формалното образовение Наташа Несторовска има учествувано на многу обуки и семинари организирани од Министерство за економски односи и развој, Министерство за финансии, Секретаријат за Европски прашања на Владатана Република Македонија, Академија за банкарство и информатичка технологија на Република Македонија, Центар за банкарство и финансии Скопје, Нова Љубљанска банка, Египетски банкарски институт Каиро, АТТФ Луксембург и други институции. Исто така, таа членувала во Здружение на банки при Стопанска комора на Република Македонија/ Комисија за платен промет во земјата и странство, АЦИ Македонија - Здружението на финансиски пазари, во Стопанска комора на Република Македонија.

Својата кариера ја започнува во Фабрика за фрижидери Ѓеорги Наумов Битола во 1993, а ја продолжува во Стопанска банка а.д. Битола од 1998 година, прво како референт во Служба за девизен режим и платен промет со странство, за во 2005 година да биде именувана за Директор на Сектор за работа со население, девизен режим и платен промет со странство.

Почнувајќи од месец декември 2010 година Наташа Несторовска е Член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола и во нејзина одговорност се следните области: Сектор за процесирање, Сектор за управување со имот и безбедност, Сектор за организација и ИТ.

тел.: (047) 207 567, факс: (047) 207 513

NATASHA.N@stbbt.com.mk